„НОВОГОДИШНА МУЗИЧКА МАГИЈА“ ВО ИЗВЕДБА НА ДЕТСКИОТ ХОР „КРЕШЕНДО“
Вчеравечер, Центарот за култура во Тетово беше исполнет со детски насмевки, музика и вистински празничен дух! Концертот „Новогодишна музичка магија“ го оправда својот наслов.
Под диригентската палка на Марија Пулковска Здравковска и Fotini Georgiadis Kirovska, нашите млади уметници приредија незаборавна забава и ги стоплија срцата на сите присутни. Ви благодариме на сите што бевте дел од оваа приказна и што ги поддржавте младите таленти. Вашите аплаузи беа најубавиот подарок за нив!
Погледнете дел од атмосферата низ фотографиите.














