
ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА
ЊОМЗА ИМЕРИ ИСМАИЛИ
Родена во 1983 година во Тетово, живее и дејствува во Општина Боговиње, Тетовско. Средното образование го завршила во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, додека високото образование го стекнала на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа.
Од самиот почеток на својот професионален и општествен ангажман, покажува особена посветеност во промовирањето на културните, уметничките и општествените вредности. Со континуирана активност во културниот сектор, придонесува во организирањето и поддршката на проекти, манифестации и иницијативи насочени кон збогатување на културниот живот и афирмација на уметничкото творештво.
Покрај ангажманот во хуманитарни, културни и уметнички организации, има активна улога во развојот и унапредувањето на културните институции во регионот. Во периодот 2018–2020 година ја извршувала функцијата директор на националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово, каде што придонела за модернизација и промоција на библиотечната и културната дејност.
Моментално ја извршува функцијата директор на Националната установа Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ – Тетово, една од најзначајните културни институции во државата. Под нејзино раководство се реализирани и поддржани бројни уметнички, културни и едукативни активности, со фокус на промоција на културното наследство, поддршка на уметниците и создавање квалитетни програми за публиката. Преку својата визија и посветеност, продолжува да придонесува за зајакнување на културниот живот и доближување на уметноста до граѓаните од сите генерации.

