19 МАЈ – КОНЦЕРТ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА АТАТУРК, МЛАДОСТА И СПОРТОT
19 Мај го одбележавме на сцена со гордоста за Ататурк и со младешкиот ентузијазам!
На концертот организиран во соработка помеѓу Центарот за култура – Тетово и Здружението за култура и уметност „Јени Хајат“, музиката и уметноста повторно нè обединија. На оваа посебна вечер, со учество на културно-уметничките друштва „Лиљан“, „Џеладин Зеќири“ и „Акиф Јахја“, енергијата на младите и големиот интерес на публиката ја претворија салата во вистинска празнична атмосфера.
Настапите на сцена, заедно со возбуда на публиката, создадоа незаборавни моменти исполнети со гордост и радост.
Срдечно им благодариме на сите присутни, на сите уметници што настапија, како и на сите кои ја направија оваа вечер можно.
До нови средби!



















