Почитувани љубители на уметноста, со вас споделуваме неколку посебни моменти од големиот настан што се случи синоќа во нашиот град!
КОНЦЕРТ СО КУД „ЏЕЛАДИН ЗЕЌИРИ“
солист ЛЕОТРИМ ЗЕЈНУЛА
Со финансиска поддршка на Министерството за култура и безрезервна заложба на директорот на Центарот за култура, Арлинд Хусеини и сите вработени во оваа институција, синоќа докажавме дека културната вредност и традиција не недостигаат. Во преполната сала со музика не почестија младите солисти од Тетово, особено Леотрим Зејнула, кој докажа дека Тетово знае да продуцира таленти.
Центарот за култура ќе продолжи да ги поддржува младите таленти, каде што збогатувањето на културниот живот во градот е наша должност и обврска.
Благодарност и до нашите спонзори, вода „Тепелен“, NB компанија, Fi & Ga, благодарност и до ШКАШ „Џеладин Зеќири“-Тетово за блиската соработка.
Ви благодариме на сите за учеството на овој прекрасен настан и се надеваме дека во иднина ќе имаме можност да ви донесеме уште повеќе концерти од ваков карактер.
















