Published On: ноември 23rd, 20250 Comments on ЕСЕНСКА РОК ПРИКАЗНА

ЕХОТО НА ЕСЕНСКАТА РОК – ПРИКАЗНА

На 23 ноември 2025 година, во рамките на прославата на Ноемвриските празници, во Центар за култура Тетово се одржа концертот „РОК – Приказна во есен“, музичка вечер која донесе посебно уметничко доживување за присутната публика.

Концертот се одликуваше со динамична и енергична атмосфера, каде рок музиката се испреплети со класични елементи и современа интерпретација, создавајќи уникатен сценски настап. Публиката имаше можност да ужива во изведбите на гостинските уметници кои донесоа разновидна и богата музичка програма.

На сцената настапија:

  • Дајана Малолари Пајазити – солист
  • Шкелзен Пајазити – виолина
  • Шкелзен Бафтијари – пијано
  • Јетмир Мехмеди – гитара
  • Арсим Илјази – бас-гитара
  • Егзон Лека – перкусии

Настанот беше топло прифатен од публиката, потврдувајќи уште една успешна културна вечер во рамките на ноемвриските празнувања.