ГРАДСКИТЕ ПЕСНИ ГО ОСВЕТЛИЈА 13. ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „ТЕУТА“ ВО ТЕТОВО
Центарот за култура – Тетово се исполни со емоциите на една богата музичка традиција, пречекувајќи истакнати уметници и музички групи од сите албански предели, кои на 29 септември ги стоплија срцата на тетовската публика. Звуците на градските песни ни понудија временска патека, патувајќи низ сите албански граници, со гласот на секој уметник кој го проби отвореното небо над Тетово.
Културниот центар им упатува посебна благодарност на сите учесници кои ја направија оваа вечер толку посебна со своите извонредни настапи:
Искрена благодарност упатуваме и до нашата прекрасна публика за трпението и разбирањето што го покажаа за техничките проблеми што се појавија во текот на вечерта. Вие бевте оние што нè поддржаа најмногу токму кога ни беше најпотребно, а вашите аплаузи им дадоа максимална мотивација на уметниците на сцената, заедно да ја надминеме ситуацијата – ситуации што се случуваат и на светски сцени. Нека вакви случаи во иднина бидат што поретки.
Благодарение на посветеноста на уметниците и вашата постојана поддршка, овој фестивал останува незаборавно патување во светот на градската песна, зачувувајќи и промовирајќи го нашето драгоцено културно наследство.
Ви благодариме што бевте дел од оваа посебна вечер!












