Published On: април 29th, 20220 Comments on ФОЛКЛОРЕН КОНЦЕРТ

Вечер под звуците на автентичниот албански фолклор!

ФОЛКЛОРЕН КОНЦЕРТ

На овој посебен ден, меѓународниот ден на орото, градот имаше можност во топла атмосфера да ги проследи нашите браќа и сестри од Националниот ансамбл на песни и ора на Република Албанија. Како вистински орли летаа пред тетовската јавност, и со нивниот професионализам докажаа дека албанскиот фолклор се пренесува од колено на колено.

Денеска Тетово, градот на два универзитета, гнездото на албанското образование се чувствува гордо што беше домаќин на „душата“ на Албанците, Националниот ансамбл на песни и ора.


Затоа, во името на Директорот на Центарот за култура и вработените, дозволете ни срдечно да ви се заблагодариме за овој спектакл и воедно да ја изразиме нашата подготвеност за соработка во иднина, вклучително и други ансамбли од албанските краишта.