Published On: јуни 2nd, 20260 Comments on MAGIC SHOW

 МАГИЈАТА ЗАВРШИ, НО СПОМЕНИТЕ ОСТАНУВААТ!

Три дена полни со насмевки, непрекинати аплаузи и преполни сали со деца! Претставата „MAGIC SHOW – FUZZBUBBLE“ беше огромен успех и го претвори Центарот за култура во вистински свет на магијата.
Ги собравме најубавите моменти од сите три датуми на претставата за да ги споделиме со вас.
Од срце им благодариме на сите родители и деца кои беа дел од оваа авантура и го направија овој настан толку посебен. Ентузијазмот на најмладите е нашата најголема мотивација!
Ве покануваме да ја прелистате галеријата за да ја доживеете атмосфера. Се гледаме на следните настани!