Под раководство на диригентот Премитим Етеми и одличниот оркестар го реализиравме концертот
ЗВУЦИТЕ НА ФИЛМОТ
Во рамки на годишната програма на Центарот за култура – Тетово, беше реализиран концертот „Звуците на филмот“, под диригентство на Премтим Етеми.
Публиката имаше можност да ужива во посебна музичка програма, која на сцената ги донесе едни од најпознатите мелодии од светската кинематографија, интерпретирани преку звуците на класичната музика.
На програмата беа застапени познати дела како „Gabriel’s Oboe“ од The Mission, „Schindler’s List“, „Game of Thrones“, „My Heart Will Go On“ од Titanic, „Pirates of the Caribbean“, „The Godfather Suite“, како и други дела.
Концертот создаде посебна атмосфера и ги обедини љубителите на класичната музика преку мелодии кои оставија трага во сеќавањето на публиката.
Во продолжение погледнете дел од моментите од концертот.







