„БЕЗ НАСЛОВ“: МОЗАИК НА УМЕТНОСТА ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА

Во просториите на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово, се одржа свеченото отворање на новото издание на колективната изложба „Без Наслов“. Оваа изложба, која прерасна во уметничка традиција, претстави 28 дела од домашни и меѓународни уметници, нудејќи богат мозаик на стилови и техники што ја рефлектираат културната разновидност и креативниот дух.

Изложбата ја отвори директорката на Центарот за култура, г-ѓа Њомза Имери Исмаили, а за значењето и уметничкиот дух на овој настан говореа кустосот на проектот, г-ѓа Јасмина Крстоска, како и рецензентката г-ѓа Енеса Мемети.

Оваа година, изложбата ги обедини уметниците од Тетово, Гостивар, Радовиш и Раховец, кои донесоа спој на техники и уметнички идеи. Секое дело ја отсликува уникатната креативност на авторите и сведочи за поврзаноста на уметноста преку културните и географските граници.

Преку оваа објава, споделуваме со вас моменти и дела од овој значаен настан за љубителите на уметноста во нашиот град преку фотографиите направени од Лавдрим Фаризи.