САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА ВЛАДИМИР ТЕМКОВ

„КАВАДАРЕЧКОТО СОНЦЕ ВО СВЕТЛИНАТА НА ДЕЛАТА НА ТЕМКОВ“

Во рамките на годишната програма на НУ Центар за култура „Иљо Антески Смок“ Тетово, со поддршка на Министерството за култура и туризам, се реализираше свеченото отворање на самостојната изложба на реномираниот сликар Владимир Темков, со наслов „Сонцето на Кавадарци во светлината на делата на Темков“, курирана од Јасмина Крстоска.

Изложбата претставува внимателно селектиран циклус на дела, во кој пејзажот на родниот крај, слоевите на сеќавањето и културниот идентитет се испреплетуваат во една силна ликовна изразност, создавајќи богата и повеќедимензионална визуелна нарација.

На свеченото отворање свое обраќање имаа маестро Павле Кузманоски и академик Невзат Бејтули – Кица, во знак на почит и сеќавање на Маестро Владимир Темков, истакнувајќи го неговиот значаен придонес во современата ликовна уметност. Пред публиката беа претставени 25 дела изработени во техника акрил на платно, во кои бојата, композициониот ритам и симболиката на локалниот пејзаж создаваат хармонична уметничка целина.

Изложбата беше проследена со особен интерес од страна на љубителите на уметноста и културната јавност, што уште еднаш ја потврди вредноста на творештвото на Темков.

За Уметникот
ВЛАДИМИР ТЕМКОВ

Владимир Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Средното уметничко училиште, Педагошката академија и Факултетот за ликовни уметности ги завршил во Скопје, каде што ги завршил и постдипломските студии по сликарство. Живее и работи во Кавадарци.

Во текот на својата уметничка кариера реализирал десетици самостојни изложби во Северна Македонија и во странство, претставувајќи го своето творештво во Турција, Бугарија, Хрватска, Косово и други земји. Исто така учествувал на многу групни изложби, уметнички колонии и меѓународни проекти.

Темков е основач и куратор на Меѓународната уметничка колонија во Кавадарци и една од најактивните фигури во организирањето уметнички колонии во регионот. Во рамките на својот професионален развој реализирал студиски престои во Париз, Њујорк и Турција.

За својот придонес во визуелната уметност е одликуван со државната награда за животно дело „11 Октомври“, како и со голем број награди и признанија од областа на уметноста и културата.

Куратор
ЈАСМИНА КРСТОСКА

Галерија на фотографии