САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА
„ПЛЕТЕНКА ОД КАЛДРМА И КОРЕНИ“
„ПЛЕТЕНКА ОД КАЛДРМА И КОРЕНИ“
Во Центарот за култура беше отворена заедничката изложба „Плетенка од калдрма и корени“ на авторите м-р Лина Тренкоска и Славко Тренкоски – Лок, изложба која претставува уникатен визуелен и емоционален дијалог помеѓу две генерации – татко и ќерка, обединети преку заедничката љубов кон графиката, традиционалните техники и рачниот уметнички процес.
Во основата на изложбата стои техниката дрворез, реализирана преку внимателен и физички интензивен процес на гравирање, а некои од делата се отпечатени на рачно изработена хартија, што дополнително ја нагласува нивната материјалност и автентичност.
Искрена благодарност до сите присутни за вашето присуство и топлината што ја донесовте! Голема благодарност и до уметниците, колегите и соработниците кои придонесоа за реализацијата на изложбата, како и за континуираната поддршка од Министерството за култура и туризам.















