ЗДРУЖЕНИЕТО ПУРПУРА ГО ОБЕЛЕЖИ ДЕНОТ НА АУТИЗМОТ

Во Центарот за Култура „Иљо Антески-Смок“ – Тетово, во организација на Здружението „Пурпура“, беше реализирана вечера со неколку културни активности, каде во центар на вниманието беше изложбата со слики на децата со аутизам. Во изложбата освен сликите на овие деца, беа изложени и фотографии од нивната работата. Во оваа активност беше забележан и еден голем ентузиазам кај овие деца, кои со многу чувство гиимаа реалирано нивните дела и воздушени ги следеа нивните изложени дела, а пофални зборови и потполна подршка за овие деца и овие дела збореше познатиот сликар, Невзат Бејтули- Кица.
Потоа активноста продолжи со дуо концерт со дваjцата познати уметници Шкелзен Пајазити во виолина и Јетмир Мехмеди во китара, кои реализираа класични и албански дела. Вечерта заврши со стендап комедијата, реализирана од познатиот тетовски актер Хасим Мемиши-Сопи.
Меѓу другото, Здружениоето „Пурпура“ му се заблагодари на директорот на Центарот за Култура, г. Арлинд Хусеини за дадената подршка во реализација на овој проект.