Published On: јуни 1st, 20260 Comments on STREET ART

„STREET ART“ – ДЕН ИСПОЛНЕТ СО БОИ, КРЕАТИВНОСТ И НАСМЕВКИ

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, денеска во паркот пред влезот на Центарот за култура се одржа уметничката работилница „Street Art“.

Десетици деца учествуваа во оваа активност, изразувајќи ја својата имагинација и талент преку слики изработени на отворен простор. Паркот се претвори во простор исполнет со бои и радост, каде што децата имаа можност да творат, да се забавуваат и да го прослават својот ден.

На крајот од активноста, Центарот за култура им се заблагодарува на сите деца, родители и училишта за нивното учество и поддршка, доделувајќи им признанија на учесниците како знак на благодарност за нивниот ангажман и придонес.

Честит 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето!

Поддржано од Министерство за култура и туриза