МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА БИСЕРА КОСТАДИНОВА ГО ПОСЕТИ ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА
Денеска во работна посета на Центарот за култура имавме чест да ја пречекаме министерката за култура г-ѓа. Бисера Костадиновска Стојчевска.
Во разговорот со директорот на установата се зборуваше за предизвиците и проблемите со кои се соочува институцијата во врска со реализацијата на тековната годишна програма како и за динамиката на реализација на инвестициите во инфраструктурата на објектот.
Воедно, се зборуваше и за текот на работите за изградбата на новиот објект на Театарот и библиотеката во Тетово.





