МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО

ДРЖАВЕН АРХИВ- ОДДЕЛЕНИЕ ТЕТОВО

Меморандум за институционална соработка
Денес во просториите на нашата институција се одржа официјална средба со претставници на Државниот архив – Одделение Тетово, каде што беше формализиран меморандум за меѓуинституционална соработка.
Меморандумот опфаќа:
• Соработка во организација на културни активности,
• Одбележување и промоција на историјата на Полошкиот регион,
• Подготовка, обработка и промоција на публикации од областа на историјата, науката, образованието и културата,
• Соработка во областа на административното и архивското работење.
Овој чекор претставува заедничка посветеност за зачувување и промоција на културните и историските вредности на нашиот регион, како и за зајакнување на институционалната соработка во служба на јавниот интерес