ОФИЦИЈАЛНА СРЕДБА ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО ТЕТОВО СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД АМБАСАДАТА НА УНГАРИЈА

Денес во Центарот за Култура во Тетово го пречекавме вториот секретар на Амбасадата на Унгарија, воедно земја претседавач на Советот на Европската Унија, г. Габор Редечи и советникот на Министерството за култура и туризам, г. Бехиџуди Шехапи. Оваа средба се одржа во рамките на промоцијата на специјалниот настан „Исламското Kултурно Наследство во Унгарија“. Исто така, дискутиравме за заеднички проекти и идни соработки кои ќе придонесат за понатамошен мултикултурен развој во нашиот град