АНСАМБЛОТ ШОТА ГО ПОТВРДИ УЧЕСТВОТО НА ФЕСТИВАЛОТ ТЕУТА

Денеска имавме посебно задоволство да бидеме домаќини на директорот на Националниот ансамбл за песни и игри „Шота“, г. Мехмед Џемајлин заедно со уметничкиот директор г-дин Илбер Асланај во просторите на нашата институција. Оваа средба стана реалност благодарение на заложбите на директорот на Центарот за култура – Тетово, г. Арлинд Хусеини.
Со задоволство објавуваме дека Ансамблот „Шота“ е дел од 12-тото издание на Фестивалот на стара народна песна „Теута“! Фестивалот ќе се одржи во текот на месец октомври и е дел од годишната програма на институцијата за 2023 година, која се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Нашата соработка е важен чекор за промоција на нашето културно и уметничко наследство. Свесни сме за важноста на оваа соработка и се чувствуваме привилегирани што Ансамблот „Шота“ ќе ја донесе енергијата и страста на албанската песна на сцената на фестивалот „Теута“.